Судир меѓу две возила на крстосница во Аеродром

Околу 14 часот на крстосницата во близина на основното училиште ,,Љубен Лапе” во општина Аеродром дојде до тешка сообраќајна несреќа. Едно од возилата со скопски регистарски ознаки марка Хонда беше странично удрено од товарно возило, превозник на познат производител на пилешко месо. Од ударот автомобилот беше делумно уништен во делот на возачкото седиште.

Полицијата вршеше увид во моментот кога ги направивме фотографиите.

 

%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0%d1%803%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0%d1%802

 

И покрај големата материјална штета на автомобилот, според првичните сознанија нема тешко повредени. Од полицијата ни најавија повеќе детали за утре.