Судијата Дарко Тодоровски ја прифати снимката како доказ во случајот ,,Поткуп“

Судот денеска ја прифати како доказ снимката објавена на Јутјуб во случајот „Поткуп“ во кој  премиерот Зоран Заев е обвинет за примање на мито.

Судијата Дарко Тодоровски го одби барањето на одбраната на Заев да бидат отфрлени ПИ-мерките и видео снимката, бидејќи таа веќе била претходно објавена во јавност.

Судијата сметаше дека снимката била прибавена на законит начин и може да се користи како доказ во случајот.

По неколку одложувања, започна судењето за „Поткуп“ во кое Заев се товари дека барал околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште во Струмица.

Ова е снимката , скратена верзија, која ја објавија некои медиуми за време на објавувањето на т.н бомби од Заев кога беше во опозиција:

Заев од судот бараше да биде објавена целата снимка во јавност.