Судијата од дербито Црвена Ѕвезда-Партизан заразен со корона вирус

Петмина српски фудбалски судии, меѓу кои и Новак Симовиќ, кој делеше правда на градското дерби во Белград пред десетина дена, се заразени со корона вирус.

Фудбалскиот сојуз на Србија објави дека се заразени и двајцата судии кои се планирани да судат на мечот Војводина-Партизан што треба да се одржи во Нови Сад.

Србија ги укина сите забрани за одржување на јавни собири и дозволи публика на спортските натпревари.

По десетина дена се редат информации за заразени спортисти, а сега и фудбалски судии.

Заразени се фудбалери, тенисери, ватерполисти, како и селкторот на ватерполо репрезентацијата.