Судијата Шабани ќе ги заклучува вратите ако адвокатите продолжат да се шетаат за време на судење

,,Не може кога ќе ви текне да влегуавте и излегувате од судница“-ги предупреди судијата Осман Шабани, адвокатите на обвинетите во судскиот процес што го води СЈО познат како ,,Титаник“.

На самиот почеток на денешното рочиште за случајот ,, Титаник” , претседателот на Судечкиот совет, судијата Осман Шабани ги предупреди адвокатите на обвинетите, дека, доколку продолжат со ненајавено доаѓање и заминување од судницата, ќе ги заклучи вратите додека трае рочиштето.

,,Не може да доаѓате на 5 минути да видите што се случува во судница“, рече Шабани.како што им рече :

Тој уште еднаш предупреди дека ако види некој од обвинетите и адвокатите со телефон, веднаш ќе му биде одземен.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски,  Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и други.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Судот на минатото рочиште го прифати барањето на обвинителството и одреди 30-дневен притвор на поранешиот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Фото-Зелена лупа