Судија од хашкиот суд за злосторствата на ОВК сликан со адвокатот на осомничени команданти

Чешкиот судија Владимир Микула, кој се наоѓа на листата судии на Специјалниот суд за злосторставта на ОВК во Хаг, фатен е на вечера во едне приштински ресторан со адвокатаот на поранешните команданти на ОВК, Рустем Мустафа и Сами Љуштаку.

Судијата Микула и адвокатот Коци

Српски БИРН објави вест дека двајцата веќе се сослушанио во Хаг, предмет се на истрага и дека можно е да се поднесе обвинение против нив.

Адвокатот Аријанит Коци за БИРН изјавил дека бил на веќера со сопругата и пријателите и дека не знаел дека чешкиот судија ќе биде тука.

На сајтот на меѓународниот суд со седиште во Хаг, а кој е дел од правосудниот систем на Еулекс во Приштина, е објавено дека судијата Микула нема ниту еден предмет досега и дека нема пристап до доверливи документи.