Судијката Михајлова ги казни обвинителките Јанева и Фетаи за непочитување на судот

В.д. претседателката на Кривичен суд и судечки судија во процесот ,,Шамари за Жерновски“ во кој првообвинет е Никола Груевски, ги казни специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Фетиме Фетаи со 2000 евра заради непочитување на судот.

Фатиме Фетаи го изнесе своето гледиште пред судот дека записникот од минатото рочиште не соодвествува со вистината, а обвинителката Јанева и се обрати со зборовите дека таа (Михајлова) не заслужува да биде судија.

По ова, судијката Михајлова изрече казна за двете обвинителки од по 1000 евра.

Обвинителката Фатиме Фетаи се спротистави и на одложувањето на рочиштето, но Михајлова рече дека овој процес е како и секој друг и не е потребен посебен третман за него.

За првообвинетиот Никола Груевски целата атмосфера личела на театар.

Новото рочиште е закажано за 10 март.