Судот го одби барањето на СЈО за ,,Тендери”

 

Судот не и го одзеде пасошот на Канческа-Милевска , како што претходно побара СЈО за предметот ,, Тендери”. СЈО бараше и еднаш неделно јавување кај определен службеник во Основен суд.  Судот соопшти дека го одбил предлогот на СЈО.

,,Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тендери“, пред судуја на претходна постапка на 28.10.2016 година беа повикани двете лица кои во присуство на нивните бранители и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот.

По завршување на распитот судијата на претходна постапка со  решение од  28.10.2016 го одби предлогот на СЈО,  за определување на мерки за претпазливост, како неоснован, а по писменото изготвување решението е експедирано до странките.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на решението’ – се вели во сооптението од Основен суд Скопје 1..