Судот одби притвор за Кочан, за Авировиќ мерки на претпазливост

Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, го одби барањето на Специјално јавно обвинителство да му одреди мерка притвор на сопственикот на ,,Трансмет“ Сеад Кочан, кој се сомничи за фалсификат на документација за тендер и противправно стекнување материјална корист од 17 милиони евра.

Судот определи мерки претпазливост за поранешен раководител на Силекс Нематали Василије Авировиќ и тоа забранува контакт со одредени лица на кои може да влијае во текот на постапката и му забранува учество на тендери или било каков допир со документација или нејзина подготовка  за учество на тендери, дознава АКО.мк од извори во судот.

АКО.мк