Подготвителното рочиште за судскиот процес ,,Тврдина2,, се води без присутво на медиуми, откако судијата Лидија Петровска не дозволи снимање, потоа на барање на одбраната на обвинитетите ги отстрани и новинарите.

На ова реагираше обвинителката Ленче Ристовска дека во оваа фаза нема да има изнесување на декласифицирани докази, но судијата го игнорираше укажувањето.

Инаку,по барање на судијката Лидија Петровска, Специјалното јавно обвинителство  обезбеди дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање за декласифицирање на  докази во случајот со уништување на службената документација  за предметот „Тврдина“.

Првото рочиште за предметот ,,Тврдина,, 2 се одржа на 28 ноември 2016, но наместо подготвително, како што е вообичаено, судијата побара изведување докази, што беше невозможно, делумно и заради нивната тајност, па беше одложено за 17 јануари 2017 година.

Процесот СЈО го води против поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски, а обвинението  го застапуваат специјалните обвинители Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов, кои тогаш реагираа на одлуката на  судијката- СЈО да бара дозвола од Управата чиј поранешен началник ја злоупотребил, за да ги употреби доказите на суд со кои располага.

Ристоска потсети дека не е првпат судот во постапка да користи класифицирани податоци, како што беше случај и за предметот „Пуч“ . Праша зошто тоа досега не било проблем и зошто судот воспоставува селективен пристап токму за овој случај. Судијката Лидија  Петровска одговори дека нема да дозволи судот да биде неовластен објавувач на информации со назнака државна тајна.

СЈО од април минатата година чекаше ваков одговор од УБК, но дури сега успеа да добие дозвола за делумна декласификација.

Инаку, ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујовски е обвинет дека со други шестмина вработени во УБК   противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на незаконското прислушување.

ако.мк