Судски совет ќе одлучува за претседатели на Врховен и Кривичен суд

Судскиот совет на република Мкаедонија, утре (11.01.2017 ќе одлучува за избор на претседатели на судови, меѓу кои на Врховен суд и на Основен суд Скопје 1.

Откако ги доставија оцените од вонредното оценување на кандидатите за претседатели, на седницата ќе се презентираат резултатите, ќе се разгледаат, апотоа ќе се одлучи  по поднесените барања за повторно оценување на работата на судиите.

Лидија Неделкова на која неодамна и истече мандатот на претседател во Врховен веќе реагираше за порталот СДК дека ќе побара седницата да биде јавна и дека ќе бара објаснување зошто и се одземени некои бодови зз научни трудови објавени во странство.

Кандидати за нов претседател на Основниот суд Скопје се  Владимир Панчевски и Иван Џолев , додека за претседателското место во највисокиот суд во државата  кандидатури поднесоа  Лидија Неделкова, поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, в.д. претседателката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.