Судски совет ќе одлучува за Претседатели на Врховен и на Кривичен суд

Судскиот совет на Република Македонија денеска ќе врши вонредно оценување на кандидатите за Претседатели на Врховен Суд и на Основен суд Скопје 1.

На 23 минатиот месец на седница ги назначи за В.Д. Претседател на Врховен суд Снежана Бајлозова и за В.Д. Претседател на Основен суд Скопје 1 Татјана Михајлова.

Тогаш беше донесена одлука именувањето на нови претседатели со полн мандат да биде спроведено после изборите.

Во трката за  Претседател на Кривичниот суд, останаа  Владимир Панчевски, поранешниот претседател и  и судијата  Иван Џолев . Владимир Туфегџиќ ја повлече кандидатурата. Кандидати за Претседател на Врховниот суд, се донеодамнешната претседателка Лидија Неделкова и  судиите Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.

АКО.мк актуелно -објективно