Супер лига: Војводина држи приклучок со Звезда

Војводина со вечерашнава победа на стадионот „Караѓорѓе“ задржа приклучок со лидерот на шампионатот Црвена Звезда која денес со 4:2 триумфираше против јавор во Ивањица.

Единствениот гол за Војводина го постигна Дејан Мелег во 13 минута.

Екипата од Нови Сад после комплетното 11 коло го завзема второто место со 26 бодови, два помалку од белградските „црвено-бели“.

Во дербито на 11 коло Чукарички на својот стадион одигра нерешено 1:1 со Борац од Чачак. Чукарички до предност стаса во 36 минута со голот на Марко Доциќ, а изедначувањето и едниот бод за Борац го донесе Лазар Јовановиќ со погодок во 57 минута.

Нови Пазар со 1:0 го победи Раднички од Крагуевац, а стрелец на единствениот гол бепе Никола Димитријевиќ во 32 минута, додека Напредак на гостувањето во Сурдулица со истиот резултат го победи Радник. Гостите од Крушевац со голот на Братислав Пуносевац во 87 минута дојдоа до победата против Радник.

Фудбалерите на Рад ја победија денес во Суботица екипата на Спартак со 1:0, додека Бачка славеше против Вождовац со 2:1. Рад до победата над Спартак стигна со голот на Александар Лутовац во 43 минута.

Фудбалерите на Бачка поведоа со погодокот на Немања Илиќ во 64 минута, изедначувањето за Вождовац го донесе Марко Гајиќ во 87 минута, додека конечниот резултат го постави Илиќ три минути подоцна.

Рад е осми на табелата со 15 бодови, Спартак е седми со еден бод помалку, Бачка е на 11 место со 10, додека Вождовац е десети со 14 бодови.