Сјаен дерби без победник, Динамо-Хајдук 0:0

Динамо и Хајдук на Максимир во второто дерби сезонава одиграа без голови. Иако не беше постигнат ниту еден гол загребските „сини“ и сплитските „бели“ прикажаа добра игра.

Бранителот на титулата, Динамо, можеше да поведе уште во првата минута кога Антолиќ шутираше покрај голот по додавањето од Пивариќ.

Се редеа прилики пред гостинскиот гол во првото полувреме, а најповеќе имаше капитенот на „сините“ Антолиќ. Во 32 минута поусешен беше Калиниќ, две минути подоцна гредата го запре неговиот шут, а во 35 минута шутираше неколку сантиметри покрај голот.

На другата страна Хајдук погоди од својот прв вистински напад, но погодокот на Охандзе беше поништен поради офсајт. Сомнителна ситуација од која Хајдук можеше да го шокира Максимир.

Во второто полувреме Хајдук заигра многу подобро, а со долги додавања и удари од далеку неколку пати му запрети на домашниот голман. Во 55 минута чуварот на мрежата на актуелниот првак со фантастична одбрана го спречи Хамза да постигне погодок, а најдобрата прилика за гостите ја пропушти Џеферсон десет минути пред крајот на натпреварот-излезе сам пред голманот Ливаковиќ и од десет метри шутираше покрај голот на Динамо. Во судиското надополнување Хенригез, кој влезе на местото на Хоџиќ, можеше да го реши натпреварот, но исклучително добриот на овој натпревар Калиниќ излезе како победник.

Натпреварот се играше пред околу 10 илјади гледачи.