СЈО:Лицата поврзани со дел од медиумите не ги иззема од кривична одговорност

Целосно ги демантираме наводите на повеќе медиуми дека ова Јавно обвинителство со својата работа прави притисок на медиумите и влијае на слободата на информирање-се вели во реакцијата на СЈО.

Појаснуваме дека пред ова Јавно обвинителство се водат истражни постапки за повеќе предмети во кои се опфатени лица кои се поврзани со дел од медиумите. Предмет на ваквите истражни постапки е испитување дали овие лица сториле кривични дела во рамки на нивното работење како сопственици и управители во други правни лица, а не во медиумите со кои се поврзани. Фактот што се работи за лица кои се поврзани со дел од медиумите не ги иззема овие лица од кривична одговорност, бидејќи сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.

,,Уште еднаш јасно повторуваме дека пред ова Јавно обвинителство не се отворени и не се водат истражни постапки против ниту еден медиум. Воедно укажуваме дека ова Јавно обвинителство силно го поддржува начелото на транспарентност и слободата на информирање на граѓаните за сите прашања кои се од нивен интерес“-се вели во реакцијата на СЈО на известување на некои медиуми.