СЈО:Повредена тајноста на предистражна постапка

 Специјално јавно обвинителство реагира на објавата на одредени детали за предистражана постапка која е во тек за случај поврзан со изборни донации во Охрид. Имено, од вчера ОО на ВМРО ДПМНЕ реагира и организираше протест пред СВР Охрид затоа што нивни членови и функционери беа повикани да дадат изјави на барање на СЈО.

Во соопштението се вели:

Во врска со предистражна постапка која се води во ова Јавно обвинителство, во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази за околностите во врска со истата постапка. Согласно Кривичниот законик секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка.

Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации и потенцираме дека својата службена должност  јавните обвинители во ова Јавно обвинителство ја вршат согласно законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат.

Foto> OhridNews