СЈО бара вклученост и соработка со Академија за судии и јавни обвинители

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  или популарно СЈО, упати писмо до Академија за судии и јавни обвинители, со кое бара вклученост во академијата, нејзината работа, едукација, изготвување годишни програми, обука, но и целосна соработка.

Според СЈО, ова произлегува од Закон за Јавно обвинителство чиј составен дел е Специјалното обвинителство. Со оглед на тоа што Специјално јавно обвинителство е составен дел на правосудниот систем на Република Македонија, укажуваат дека досега немаат никаква соработка со Академија за судии и обвинители.

Затоа СЈО очекува наскоро да се воспостави потребната, но и законска соработка меѓу овие две институции, како  и дека Академијата ќе ги земе предвид сите укажувања врз кои основи треба да се темели непречената соработка и комуникација.