СЈО ги демантира шпекулациите дека обвинителката Фетаи нема да биде дел од тимот на Јанева

 

Информираме дека ова Јавно обвинителство го обжали решението на судијата на претходна постапка  при Основниот Суд Скопје 1 за неизрекување на мерка притвор за првоосомниченото лице во предметот „Труст“.

Воедно ги демантираме како целосно невистинити сите шпекулации во определени медиуми со кои се тврди дека обвинителката Фатиме Фетаи нема да биде дел од ова Јавно обвинителство-пишува во кусото соопштение на СЈО.

Имено, вчера некои портали на албански јазик објавија дека обвинителката Фатиме Фетаи нема да биде дел од тимот на Специјалната обвинителка Катица Јанева заради наводни сомнежи за некаков судир на интерес со некои осомничени во предмети што ги води обвинителството.

За АКО.мк ова во обвинителството го оквалификуваа како целосна лага и невистина.