СЈО го бара предметот ,,Сопот”

На ден 04.11.2016 година од  страна до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот“.

Предметот е побаран за да одлучат дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации-извести денеска СЈО.

Инаку,судскиот процес за „Сопот“ во 2010 беше вратен на почеток. По седум години од пресудата, одново се одмотуваше клопчето поврзано со трагичниот настан што се случи две години по воениот конфликт, кога од подметната мина во близина на ова место загинаа двајца припадници на КФОР, а 11 жители на селото беа осудени поради тероризам на вкупна затворска казна од 156 години.

Овој пат на испит беше ставен само скопскиот Кривичен суд. Тоа се должи на одлуката да се спојат двете постапки, што се водеа досега пред Основниот суд Скопје 1 и во кумановскиот суд. Ваквата можност беше дозволена со отстранувањето на последната пречка од скопска Апелација, која ја прифати жалбата на седумтемина обвинети во предметот. Претходно, истото тоа го стори и кумановскиот суд, кој водеше четири постапки поврзани со овој случај.

Поранешниот претседателот на скопска Апелација, Јордан Митриновски, точаш информираше дека одлуката била потпишана и испратена во скопскиот Кривичен суд. На прашањето кои биле аргументите за прифаќање на наодите содржани во жалбата, тој рече дека во меѓувреме била сменета процесната состојба. Кумановскиот суд веќе дозволил повторување на постапката за истиот случај и има правосилна пресуда, поради што обвинетите во скопскиот предмет не би требало да се стават во понеповолна состојба во однос на оние на кои им е судено во кумановскиот суд. Но, за разлика на четворицата осудени во кумановскиот предмет, кои се наоѓаат во домашен притвор, Зенел Клаичи од скопскиот предмет останува во притвор, а останатите шестмина обвинети Шакир Сулејмани, Башким Укшини, Муса Клаичи, Селман Јахиу, Самет Лимани и Африм Укшини, се наоѓаа во бегство.

Скопскиот Кривичен суд одново ги ценеше овите докази што доведоа до повторување на судскиот процес. Тоа се променетиот исказ на еден од сведоците Бајрам Рамадани, кој тврди дека претходната изјава ја дал под притисок и под закана од полициска тортура. Кривичниот совет го зеде предвид и извештајот на собраниската Анкетна комисија за заштита на правата и слободите која одлучуваше дали се прекршени човековите права. Иницијативата беше поднесена од Нова демократија и од роднините на осудените. Тие тврдеа дека случајот е политички монтиран, а судот пресудил врз основа на изјава на сведок дадена под притисок.

Во меѓувреме во 2013 година беше лиферувана информација дека еден од осудените во отсуство 43 годишниот Самет Лимани, според зборовите на неговото семејство, починал од срцев удар.

Лимани и другите обвинети во овој случај најпрвин беа осудени на вкупно 156 години затвор, но судскиот процес беше вратен на повторно судење.

Со првата пресуда за експлозијата од мина што се случи кај Сопот во 2003 година при што загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото. Шест лица, вклучувајќи го и Самет Лимани беа осудени во отсуство.

Од разговорите од прислушуваните материјали кои беа објавени од опозицијата и сега се јавно достапни, се слуша како двајца високо позиционирани функционери договараат што да прават со случајот Сопот: