СЈО го истражува Канал 5 за поврзаност со други фирми

Истражители на СЈО се влезени во телевизија Канал 5 и го истражуваат работењето и поврзаноста со други фирми, а не медиумот, јави ТВ 24. Според оваа телевизија, од СЈО не сакаат да коментираат заради тајност на предистражната постапк. Исто така и сопственикот на К5 останал без коментар.

Во разговорите што беа објавени во јавноста од така наречените Бомби, сопственикот на К5 Емил Стојменов во неколку наврати разговара со Мартин Протоѓер за работи од финансиска природа и бизнис зделки.