СЈО го потсетува ВМРО ДПМНЕ дека со нивните гласови е формирано обвинителството

,,Најостро ги демантираме наводите за поврзаност на ова Јавно обвинителство со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искажани во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа прилика укажуваме дека ова Јавното обвинителство, како независна и професионална институција, е формирано со Закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа вкупно 111 пратеници, вклучително и пратениците од партијата ВМРО-ДПМНЕ“-се вели во реакцијат од СЈО.