СЈО го ,,чешла“ МПМ

Од минатата недела истражни тимови на Специјално Јавно Обвинителство го проверуваат работењето на МПМ, фирмата која до неодамна беше сопственик на неколку медиуми, меѓу кои Утрински весник, Дневник и МПМ. Од СЈО ниту потврдуваат ниту демантираат, велат дека се преземаат различни дејствија во различни предмети на СЈО. Во интерес на истрагите како и на тајноста на предистражната постапка не можеме да коментираме во овој момент, велат од ова обвинителство за порталот АКО.

,,Орка Холдинг“ АД Скопје вчера  испрати соопштение во кое информира дека тие веќе не се сопственици на МПМ .

,,Орка Холдинг“информира дека со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12 декември 2016 година, а спроведена во Централниот регистар на 15.02.2017 година, компанијата го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена.

 Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 година“, соопшти компанијата која од германскиот ВАЦ го купи МПМ и Графички центар во 2012 година.

Исто соопштение испрати и вториот сопственик.Со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12.12.2016 година а спроведена во Централниот регистар на РМ на 15.02.2017 година, компанијата „Интернет груп инвестмент“ го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена.

Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 г.-се вели во соопштението.

Во меѓувреме, новинарите и други вработени во трите весници стапија во штрајк зарди неисплатени плати.

АКО.мк