Во двегодишниот рок за истражни дејства и поднесување онбиненија, СЈО успеа да спроведе истрага за 19 случаи за дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори и да поднесе три обвиненија.

Нема информација дали сите 19 истраги ќе завршат со обвиненија.

Бројот на обвинети лица досега е 50. Има многу поголем број осомничени лица кои биле предмет на интерес на СЈО, но тоа не значи дека за сите лица кои биле под истрага ќе има и обвинение. Некои од нив можеби ќе завршат и како сведоци, за еден одреден број нема основа или пак доволно докази за покренување обвинение.

На денешниот прес Специјално обвинителство практично ќе даде отчет што успеале да истражат во изминатиот период, а се очекува Специјалната обвинителка Катица Јанева повторно да повика парламентарците да смогнат сила и во интерес на вистината и правдата да го продолжат рокот за подигнување обвиненија се додека има потреба за тоа.