СЈО издвоило 2030 часови со приватни прислушувани разговори

Во последниот извештај за работата на СЈО, ова обвинителство открива дека заедно со враќањето на 66 909 избричани фајлови од прислушуваните разговори, вкупната бројка фајлови кои ги поседува изнесува  606 555. Досега се преслушани и обработени 272 950 аудио фајлови односно во обработка се 45% од вкупно доставените прислушувани разговори.

СЈО при преслушувањето ги издвојува приватните разговори кои нема да бидат предмет на истрага. Досега се издвоени дури 2013 часови приватни разговори кои биле прислушувани од УБК под раководство на Сашо Мијалков.

,,При анализа и обработката на материјалите се постапува согласно воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија и други лица, гарантирана со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот. Имајќи го предвид наведеното во тек е одвојување на приватните разговори од разговорите кои се во обработка. Од вкупниот број на анализирани разговори 272 950 издвоени се 90 618 аудио фајлови со времетраење од 2030 часа за кои се утврди дека станува збор за приватни разговори“-се вели во извештајот на СЈО.

 

АКО.мк