СЈО истражува дали Милошоски бил сопственик на авион?!

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски на својот ФБ профил ибјави два дописа од СЈО доставени до Управа за јавни приходи и до Министерство за транспорт и врски со кои се бара одговор за тоа дали Милошоски бил сопственик на некаков воздухоплов во период од 2008 до 2015 и што поседува како имот .
Милошоски ова го третира како притисок од СЈО заради тоа што ,,многу зборувал“, како што пишува на ФБ.
Еве ја неговата објава на ФБ:

СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев,
– прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам,
– а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!
Само продолжете, нема да не’ замолчите!

 

No automatic alt text available.

 

Меѓу другите, коментира и поранешниот министер Веле Самак:

Vele Samak
Vele SamakОва е класичен риболов, тн, fishing expedition. И двете барања може сами да си ги пратат до надлежните институции (ЦР, итн) и да си ги добијаат податоците без никаква пречка и без воопшто тебе да ти наговестуваат што се истражуваат. Тоа што тебе лично ти ги праќаат е смешно, во најдобар случај е мрзливост и некомпетентност. А во најлош случај политички притисок и јавна сигнализација до останатите.“
Очигледен е обидот на Милошоски да ја саботира истрагата на СЈО правејќи упад во истрагата со објавување на документи кои се дел од истражна постапка, а нејасно е и како тие дошле во негови раце и кој му ги доставил од овие две државни институции.
АКО.мк