СЈО одзеде документација од Министерство за култура

Изминатите два дена, понеделник и вторник, Специјално јавно обвинителство пристапи кон одземање на документација од Министерство за култура, – потврдуваат од СЈО за Актуелно. Документацијата е одземена врз основа на судска наредба и е предмет на предистражна постапка. Од СЈО не откриваат други информации, затоа што станува збор за предистражна постапка и во оваа фаза не може да се изнесуваат повеќе информации во јавноста.

Извесно е дека документацијата што ја одзеде СЈО од Министерство за култура е за обезбедување докази за истраги кои се водат произлезени од преслушаните разговори од доставените материјали од прислушуваните разговори.

Неофицијално, се работи за документи поврзани со мегаломанскиот проект Скопје 2014.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска беше на распит претходно во СЈО, а таа потоа изјави дека била повикана како сведок и дека дошла со задоволство за да каже дека Министерството работело согласно законите.

За утре СЈО најави прес конференција на која ќе информира за две нови истраги.