СЈО одржа работна средба во ,,Македонски Телеком“ на повисоко ниво

– Во просториите на „Македонски Телеком“  денеска  е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се изнајде решение за предметите од интерес на ова Јавно обвинителство. Очекуваме воспоставената соработка да продолжи и во претстојниот период-стои во кусото соопштение на ова обвинителство.

Барањето на директен начин да се дојде до потребните докази следуваше откако СЈО не доби судски налог за влез во Телеком каде се наоѓаат и главните сервери преку кои се опслужува прислушувањето во петтата управа на МВР.СЈО смета дека од доказите што може да ги најде во централата на Македонски Телеком, може да бидат од важно значење за повеќе предмети што ги водат.