СЈО побара дополнителни информации од телекомуникациски оператор

Основниот суд Скопје 1,кој треба да издаде судска наредба за пристап до системите на телекомуникациски оператор, кои се кпористени за нелегалното прислушување, намерно ја одолговлекува процедурата. Имено, тие го враќаат барањето на СЈО наведувајќи дека не е прецизно напишано во кој дел од просториите или што сака да посетат истражителите од СЈО. Се работи за Телеком, каде се уште на челната позиција е близок човек на Мијалков и на ВМРО ДПМНЕ.

Од СЈО велат дека тие прецизираат што бараат, а не каде, бидејќи самиот мобилен оператор по судска наредба е должен да овозможи пристап до просториите каде се сместени системите кои се користат за потреби на прислушување.

,,Со Решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, уважена е несогласноста која судијата на претходна постапка ја дал во врска со нашето барање за издавање наредба за пребарување на компјутерски системи и компјутерски податоци. Во образложението Кривичниот совет наведува дека наредбата е нејасна, непрецизна и општа и дека не е наведено прецизно одреденото место или опис каде ќе се изврши претресот, без да биде наведена адресата, конкретниот сектор или оддел во компанијата, ниту е наведен конкретен опис на видот и карактерот на уредите – компјутери.

Појаснуваме дека во барањето за издавање наредба за претрес наведен е називот на системите, односно носителите на податоци, наведено е конкретно кои податоци се бараат и од кој телекомуникациски оператор конкретно. Сепак, во насока на постапување по забелешките на Судот, упатено е барање до телекомуникацискиот оператор за итно обезбедување на податоците кои според наоѓањето на Судот се неопходни за издавање на наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.”-соопштение од СЈО