СЈО по дописот од ЈО е подготвено веднаш да му ги отстапи сите предмети

Специјано јавно обвинителство објави дека добило допис од Јавно обвинителство во кој се бара да ги отатапат сите предмети кои произлегуваат од прислушуваните материјали, а по кои веќе постапува.

,,Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , неопходно е ова Обвинителството  да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија  доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.

За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително“-се вели во соопштението.