СЈО работи на повеќе случаи на перење пари

Од 2008 до 2015 година УЈП и Министерство за финансии  дозволиле и други министерства да работат спротивно законите во РМ-рече на почетокот на прес конференција специјалната обвинителка Катица Јанева.

На тој начин овозможиле многу физички и правни лица да се стекнат со материјална корист за сметка на буџетот.

Во иднина ќе откриеме случаи на перење пари, преку кои активности огромни средства од буџетот се слеале во приватни џебови-рече специјалната обвинителка Катица Јанева.