СЈО: ,,Труст“ – истражна постапка за конзорциумот на Трансмет и Силекс

,,Труст“ е најновиот предмет на СЈО , а се однесува на добивање на нелегална имотна-правна корист во износ од една милијарда и 60 милиони денари или 17 милиони евра од страна на конзорциум формиран од Трансмет, Силекс и Вато Д.О.О. како подизведувач од Студеничани.

Врз основа на содржината на три разговори, како што рече јавната обвинителка Фатиме Фетаи се работи за голема злоупотреба на системот за јавни набавки, конкретно   за ископ на јаглен во Суводол-Битола. Јавната набавка е реализирана во  2011, а врз основа на разговори  направени на   14.12 2011, првоосомничениот сопственик на Трансмет,  второсомничениот раководител  во Силекс неметали  и  сопственикот на Бато доо-Студеничани, договориле свесно изигрување на  законот и му овозможиле на првоосомничениот повеќе милионска добивка.