СЈО ќе вложи жалба за неизрекување притвор за Кочан

Специјално јавно обвинителство најверојатно уште денеска ќе вложи жалба на одлуката на судијката Даниела Димовска да го одбие нивното барање за притвор на сопственикот на ,,Трансмет“ Сеад Кочан кој се сомничи за незаконско добивање тендер, фалсификат документација и стекнување противправна корист од 17 милиони евра.

Во однос на одлуката на судијката Сандра Крстиќ која практично го прифати барањето  и одреди мерка претпазливост за Авировиќ, СЈО нема забелешка.

Како што извести и официјално Основен суд Скопје 1, за Василие Авировиќ поранешен раководител на Силекс Неметали,Јавниот обвинител од СЈО пред судија на претходна постапка го повлече предлогот за определување мерка притвор и предложи определување мерки за претпазливост од член 146 став 1 точка 6 и точка 7 од ЗКП што по разгледување и ценење од страна на судијата на претходна постапка беше уважен и со решение определени се мерки –  Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка  Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.