Официјално телото кое е пронајдено во авионот на длабочина од 67 метри е на Емилијано Сала, потврди полицијата.

Фудбалскиот свет се простува од фудбалерот од Аргентина кој животот го загуби во авионска несреќа патувајќи од Нант за Кардиф пред две недели.

Фудбалскиот свет се обедини по авионската несреќа, пораки со сочувство до семејството стигнуваат од целиот свет.

„Најискрено сочувство до семејството на Сала, засекогаш ќе остане во нашите мисли“ – стои во пораката од ФК Кардиф.

Диего Армандо Марадона беше меѓу првите кои инсистираше да не престане потрагата по Емилијано Сала, тој во својата порака вели:

„Тажен сум поради тажните вести, се надевавме до самиот крај, Емилијано, почивај во мир, искрено сочувство до твоето семејство“ е пораката од Марадона.

Многу фудбалери на социјалните мрежи се збогуваа со Сала, меѓу нив се Вејн Руни, Дејан Ловрен, Месут Озил, потоа УЕФА и ФИФА и многу други…