Тажен прес на министерката

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска мавтајќи со документите од Јавните набавки, рече дека има намера да ги презентира сите документи што стојат пред неа за да види јавноста дека се е согласно законот.

Ги повикуваше присутните новинари да дојдат да видат, а кога тие не покажаа интерес и ја прекинуваа со барање прво да постават прашања, таа им се обрати со зборовите дека кој не сака може да си оди. Но, таа нема намера да се откаже од идејата да ги покаже сите листови.

Во еден момент таа поткачи дел од микрофоните пред неа и тие почнаа да паѓаат. Откако некои од присутните сниматели и помогнаа да ги наредат повторно, Милевска продолжи со презентирање на документите.


(стисни play)

На повторниот обид на некои од новинарите да постават прашање Елизабета Канческа-Милевска им рече дека уште не завршила и дека има време.

(фото-министерката ги лови микрофоните)