Коритото на најголемата македонска река Вардар, во центарот на Скопје е уништено, сотрено, не постои веќе. Претворено е во градежна парцела. Во должина од 500 метри на потегот од мостот ,,Гоце Делчев“ до мостот ,,Слобода“ се изградија три бродови-ресторани-хотели, два пешачки мостови еден до друг, три жални врби поставени во бетонски ковчези, се гради панорамско тркало….

Според овие најнови фотографии може да се види дека градежните активности за панорамското тркало се сопрени, а целото корито, претворено во градежна парцела, е покриено со градежен материјал, водата, реката ја нема, повлечена е , тука не тече веќе:

  

Со поништувањето на деталните урбанистички планови за неколку точки од центарот на Скопје, стопирани се сите градби опфатени со тие планови, вклучително и панорамското тркало.

Штетата е направена. Таа е огромна. Некогашниот симбол и гордост на Скопје реката Вардар е неповратно девастирана. Никогаш не може да се врати природниот тек на водите на Вардар и изгледот на река низ која тече вода. Да потсетиме како изгледаше некогаш Вардар и овој дел од Скопје:

      

 

АКО.мк