Талат Џафери бара извинување од Заев, во спротивно ДУИ нема да соработува со него

На митингот на ДУИ вечерва во Охрид, поранешниот собраниски спикер, Талат Џафери, упати директна порака до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

,,Ако Заев не им се извини на Албанците и не престане да лаже за ДУИ, ќе биде многу тешко да се соработува со него лично. СДСМ мора да одлучи дали верува во трајно партнерство со ДУИ или дали и тие стојат зад негативните говори на омраза на нивниот претседател кој продолжува да го уништува силното партнерство што е создадено меѓу двете партии“-порача Џафери.

Политичката нетрпеливост меѓу Зоран Заев и ДУИ порасна откако тој порача дека ДУИ конечно мора да оди во опозиција за да се реформира.

Пред два дена рече дека гласот за ДУИ е глас за Мицкоски и за Груевски.