Талат Џафери во официјална посета на Брисел

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска се наоѓа во официјална посета на Брисел, седиштето на ЕУ, на покана на високу претставници на Унијата. Џафери треба да се сретне со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕК Федерика Могерини и европратеничката тројка Иво Вајгл,Едвард Кукан и Кнут Фленкенштајн.

ЕУ,НАТО и САД го поддржаа именувањето на Талат Џафери за претседател на Собрание и официјално го признаа како законски и легален чин.