Талат Џафери го провоцира Иванов да прогласи воена состојба

Пратеникот од ДУИ и кандидат на коалицијата за иден претседател на Собрание на РМ  Талат Џафери, во синоќешната дебата на ТВ21 упати повик до претседателот Ѓорѓе Иванов да прогласи воена сосотојба.

“Еве јавно ќе го повикам да прогласи воена состојба ако таа негова одлука се базира на членовите 122 и 123 од Уставот. Иванов знае дека тоа никому не му оди во прилог и знае дека нема на кој да му објави војна”, изјави Џафери.