Талат Џафери од ДУИ кандидат за претседател на Собрание

По внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, беше одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство претседател на Собранието на Македонија да биде Талат Џафери, изјави за ТВ21, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

„Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и како координатор на пратеничката група неколку мандати по ред и како поранешен министер за одбрана, сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската на претседателот на Парламентот во услови на големи дивергенции во Парламентот. Ова исто така е и едно од ветувањата на ДУИ кое што се реализираше, а тоа е еден од трите челни функции на државата да ја раководи Албанец. Сметаме дека следната недела ќе ја започнеме процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието“, рече Османи.

На прашањето дали ја имаат поддршката од  Алијанса на Албанците и од Беса, Османи одговори -Талат Џафери ќе биде кандидат и следен претседател на Собрание на РМ.

Извор:Тв21