Националната институција за народни игри и песни „Танец“, одбележува 70 години од своето постоење.

Оваа завршна година од седмата деценија, се одвива под мотото: „Остани во чекор“ – со минатото, сегашноста и современите текови.

По повод големиот јубилеј, ќе на 25 јуни ќе се одржи концерт.

Програмата на овој музичко-сценски спектакл е базирана брз поновиот репертоар на ансамблот, а нејзиното мултимедијално обликување го навестува новиот модерен пристап на институцијата кон третирањето и на фолклорните содржини.

,, Оваа свечена вечер, во чест на сите минати, сегашни и идни генерации чувари на македонското фолклорно наследство, ќе настапат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец“. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет, а картите се веќе во продажба во „Југотон“ и на интернет сервисот“-објавија од националната установа ,,Танец“.