Тасевски: Спин мајсторот на Груевски Илија Димовски,хиена школувана според начелата на Гебелс

,,Илија Димовски спин мајсторот на Груевски. Хиена школувана според пропагандистичките начела на нацистот Јозеф Гебелс. Сега во улога на бранител на медиумите. Тиранот ја презема улогата на жртва. Притворот на Сеад Кочан е напад на ТВ Нова и слободата на медиумите!!!
А што беше затворањето на А1 телевизија од страна на Груевски, во дотогаш невидена силеџиска хајка, во која беа притворени и осудени десетина лица? Чин на милосрдие? Плус, со А1 ТВ ги затворија и весниците Време и Коха. Знате колку луѓе тогаш останаа без работа, ако се сметаат и сите останати фирми на Велија кои ги затворија?
Тогаш не ви пречеше затворањето на тие медиуми и тоа не беше удар врз нив?
Тоа се вика селективна меморија и двојни аршини.
Еден куртон има повеќе интегритет од вас мали хитлерчиња груевистички.
На ТВ Нова и била загрозена слободата??? Слободата за што?
За смислување и ширење на лагите на Иле Гебелс и на Груевски? Погледнете си ги вестите на што ви личат. Првите дваесет минути пофални слова за Груевски и бандата која го брани, а потоа уште толку минути плукање по сите останати на кои им е преку глава од ДПМНЕ, со посебен осврт на СЈО, Заев и албанците како дежурни баба роги.
Вие самите како телевизија сте убијци на секое објективно слободно и балансирано информирање. Затоа немате право да кажете било што на таа тема.“

-(ФБ статус на глумецот Сашо Тасевски како реакција на обидите на  Илија Димовски притворот на сопственикот на ,,Трансмет“ Сеад Кочан да го претстави како замолкнување на ТВНова која е исто така во негова сопственост)