Ракометарите на Еурофарм Работник во Битола го пречекуваат тимот на Татабања, второ коло во ЕХФ Купот.

Работник во првото коло загуби од Хановер но покажаа дека имаат капацитет за добри резултати во ова натпреварување. Екипата на Татабања во првото коло загуби од Нексе со 27-28 па во овој дуел на двете екипи кои загубија во првото коло нема изразит фаворит.

Натпреварот во Битола, во салата „Боро Чурлевски“ се игра од 19 часот со пренос на Спортклуб 1.