Татко ги избоде со нож своите две бебиња близнаци

 

Во местото Штрпци на Косово, татко си ги избодел со нож своите два сина близнака, стари по 40 дена. Како што пренесуваат косовските и српски медиуми,во понеделник околу 20 часот Д.К. инаку професор по физичко воспитување во средното училиште во ова место, откако се вратил дома, со остар предмет насрнал врз двете бебиња и го избодел неколку пати.

Едното бебе починало на пат кон нишката болница , а лекарите успеале да ги санираат повредите на другото бебе и сега е надвор од животна опасност.

Управникот на нишка хирургија потврдил дека бебе старо 40 дена од машки пол било донесено мртво во клиниката, а другото е примено со тешки повреди, нанесени најверојатно со нож.

Полиција го уапсила таткото на децата и тој е главен осомничен за оваа трагедија.