Јанис Филипопулос, трескавично се обидува да ги пронајде свои две ќерки, деветгодишни близначки, кои исчезнаа по катастрофалниот пожар во туристичкото место Мати на Атика, близу Атина.

Софија и Василики биле на одмор со своите баба и дедо. Таткото преку медиумите бара помош. Вели дека ги обиколил сите болници каде се згрижени повредените, но таму ги нема. Тој сепак не губи надеж.

Јанис бил и во полиција и во мртовечници, а дал и примерок за ДНК.

Тој тврди дека на една снимка на телевизија ги видел своите деца како бегаат со толпата народ.

188 лица, меѓу кои 23 деца , се наоѓаат во болница, некои од нив се во критична состојба. Над 80 се пронајдени мртви, а не се знае точниот број на исчезнати, но се работи за неколку десетици луѓе.

Фото: Блиц,Танјуг