Тајландски судија изрече ослободителна пресуда, па си пукаше во градите

Тајландскиот судија, Канакорн Пијанчана, во петокот се обиде да изврши самоубиство во судницата, откако мораше поради недостиг на докази да изрече ослободителна пресуда.

Тој ослободи петмина муслимани обвинети за убиство.

По изрекување на пресудата, ја изговорил судијската заклетва и се застрелал во градите, но го преживеал обидот за самоубиство.

Како што пренесува Би-Би-Си, Пијанчана оставил и соопштение, во кое наведува дека трпел притисоци заради овој случај.

,,Ако не си сигурен во нивната вина и немаш доволно докази, немој да ги казниш“ се зборовите на судијата пред да го извади пиштолот.

Целиот инцидент е пренесуван во живо, бидејќи судењата во Тајланд се транспарентни.

Ден потоа, тој доби поддршка од јавноста, а пред судот граѓани оставаат цвеќиња и пораки.