Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден надзор врз програмата на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ, Скопје, емитувана на 27 април 2017 година.

Со надзорот е констатирано дека при известувањето за случувањата во Собранието на РМ, не се почитувани професионалните начела за вршење на дејноста, односно дека телевизијата не обезбедила објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања, што е спротивно на член 61 став 1 алинеја 9 од ЗААВМУ-се вели во извештајот на Агенција за медиуми. Надзорот врз известувањето на ТВНова е направен на иницијатива на подносител на преставка, во која се укажува дека телевизијата шири дезинформации и невистини со што се нанесува штета на општественото живеење и ги доведува во заблуда гледачите.

Меѓу другото во извештајот се анализира начинот на информирање на јавноста од   главната уредничка Билјана Василева Трендафилова и водителка на емисија Бојана Димиктриевска, кои спротивно на професионалните стандарди и начела погрешно ги информирале гледачите и ги довеле во заблуда.

Извештајот од вонредниот надзор е достапен на следниот линк.

АКО.мк