Творецот на серијата ,,Грдата Бети“ пронајден мртов во хотелска соба во Мајами

Силвио Орта(45), автор на мега популарната серија ,,Грдата Бети“ е пронајден мртов со прострелни рани во хотелска соба во Мајами.

Тој доби бројни награди за серијата која го засмејуваше светот.

Главната глумица која ја глумеше грдата Бети, Америка Ферера, се прости на Твитер од авторот што ја лансираше во Холивуд.

-Скршено ми е срцето поради Силвио. Неговиот талент мене и на други ни пружи многу радости и уживање, нека почива во мир,-напиша таа.

Нема информации дали се работи за убиство или за самоубиство.