Тевдовски бил испратен со 5 минутен аплауз и солзи од вработените во Финансии

“Се поздравивме денес. Прати маил до сите. Се заблагодари за соработката и кажа дека од 10 ч. ќе биде во бифе. Дојдов на работа само за да се поздравам со Дракче.

Сите плачевме денес. Кога влезе на 10 ти во бифето, 5 минути без престан ракоплескавме. За никој не било вака во мои 20 години во министерство.”

“Денес Драган замина како што му доликуваше. Со огромен аплауз и со емоции кај повеќето од вработените. Мислам дека тој кабинет никогаш нема да се повтори. Човечноста пред сѐ.”

Ова се дел од пораките кои на Бранимир Јовановиќ, кој беше советник во кабинетот на Драган Тевдовски, му ги испратиле поранешните колешки и колеги од Министерство за инансии.

Тој ги објави јавно на социјалните мрежи.

,,А јас само ќе кажам дека ми беше чест што бев дел од тој тим. Идемо даље!’-напиша Јовановиќ на ФБ. (пораката е пренесена во оригинал.

Драган Тевдовски вчера беше разрешен во Парламентот на барање на премиерот Зоран Заев.

По разрешувањето, Тевдовски на социјалните мрежи напиша:

,, Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.
Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет“-напиша Тевдовски.

,,