Убавата италијанска актерка Моника Белучи која престојува во Белград на отворањето на белградскиот Филм Фест, беше примена и од првите луѓе на Србија и Белград-Премиерот Александар Вучиќ и градоначалникот Синиша Мали.

Во Владата на Србија  Вучиќ ги угости Моника  Белучи и режисерот Емир Кустурица, во чиј филм италијанската актерка игра главна улога. Во оваа прилика   на Моника Белучи и подари корпа српски производи со благ ајвар, џем од малини, ликер од сливи и слатко од боровинки.

Кустурица пак, беше закитен од италијанскиот амбасадор Орден за посебни заслуги во културата.

Во корпата наменета за Моника белучи се наоѓаше и илустрирана монографија за убавините на Србија.

Филмот на Емир Кустурица ,,На млечниот пат“ во кој Моника Белучи заедно со него ја игра главната улога, ќе го отвори 45 издание на белградски Филм Фест.