Тежок пораз на Србија од Катар

Фудбалската репрезентација на Србија, составена од играчи од Супер лигата, загуби во Доха со 3:0 во пријателски натпревар.
Прашањето на победникот беше решен во првите 45 минути кога Катар ги постигна трите гола, а стрелец на сите три беше Себастијан Сорија.
Катар поведе во 24 минута. После нападот по десната страна и центаршутот, Сорија успеа да го совлада Филип Кљаиќ.
Истиот играч со гол со глава зголеми на 2:0 во 30 минута.
Конечниот резултат е поставен во 43 минута кога Сорија после контранапад прецизно стрелаше во мрежата на Кљаиќ.
Репрезентативците на Србија во второто полувреме играа многу подобро, напаѓаа и правеа прилики, но не успеаја да постигнат погодок.