Телеграф:Српски навивачи пристигнале во Македонија за да помогнат при напад од Албанците

 

 

„Група навивачи на фудбалските екипи „Црвена звезда“ и „Рад“ пристигнале во Скопје на помош на Србите и на Македонците во случај на напад од страна на Албанците“, јавува српскиот портал Telegraf.rs.

„Политичката криза во Македонија, што кулминираше синоќа со упадот на приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ во Собранието, се заканува да прерасне во нешто што ќе предизвика тектонски пореметувања во целиот регион“, пишува telegraf.rs., и додава:„ Состојбата во Скопје моментално е под привидна контрола  и никој со сигурност не може да знае што би можело да се случи во деновите што следуваат-смирување на тензиите или нов бран на насилство“!

Порталот Telegraf.rs  понатаму тврди дека најтврдокорните навивачи на фудбалската екипа „Црвена звезда“ т.н Делии околу педесетина, како и неколкумина навивачи на „Рад“ се самоорганизирале и веќе се пристигнати во Скопје каде го чекаат натамошниот развој на настаните.

Српскиот портал тврди дека навивачите се пристигнати на барање на Срби од Македонија и одредени навивачки фракции, а дека за ,,одбрана“ се подготвени  и навивачите на Вардар. Целта им е да го одбијат евентуалниот напад што би пристигнал од албанска страна.

Порталот Telegraf.rs дознава и дека на овие групи навивачи наскоро ќе им се приклучат и навивачите Делии од Звечан, а постои и теорија дека на овие групи навивачи наскоро ќе им се приклучат и  приврзаници на „Зенит“ и „Сант Петербург“ кои се на пат кон Македонија.

 

извор: Telegraf.rs

Фото:архива